Реконструкција на диспечерскиот центар

Bez autora
Apr 08 2010

МЕПСО почна со реконструкција на Националниот диспечерски центар (НДЦ), од каде што компанијата го управува електроенергетскиот систем на земјава. Реконструкцијата вклучува замена на постоечката синоптичка табла на која е претставена високонапонската мрежа на Македонија, сигнализацијата на вклопната состојба поврзана со системот СКАДА, дигитални и аналогни инструменти преку кои се врши надзорот на производството, потрошувачката и преносот на електрична енергија. Оваа опрема МЕПСО ја користи од 1995 година, а е произведена и инсталирана од компанијата МАУЕЛ. Воедно во реконструкцијата ќе биде заменет со нов и диспечерскиот пулт во салата на НДЦ. Во реконструкцијата МЕПСО инвестира околу 350.000 евра.

Реконструкција на диспечерскиот центарМЕПСО почна со реконструкција на Националниот диспечерски центар (НДЦ), од каде што компанијата го управува електроенергетскиот систем на земјава.

Реконструкцијата вклучува замена на постоечката синоптичка табла на која е претставена високонапонската мрежа на Македонија, сигнализацијата на вклопната состојба поврзана со системот СКАДА, дигитални и аналогни инструменти преку кои се врши надзорот на производството, потрошувачката и преносот на електрична енергија. Оваа опрема МЕПСО ја користи од 1995 година, а е произведена и инсталирана од компанијата МАУЕЛ. Воедно во реконструкцијата ќе биде заменет со нов и диспечерскиот пулт во салата на НДЦ. Во реконструкцијата МЕПСО инвестира околу 350.000 евра.

А.д. МЕПСО е носител на лиценца Управување со електроенергетскиот систем на Република Македонија", функција што ја врши НДЦ. Управувањето се врши континуирано 24 часа дневно, седум дена во неделата, така што се следат потрошувачката, производството и преносот на целата електрична енергија во земјава во реално време.

- Вака организиран систем на следење и управување со ЕЕС од НДЦ овозможува сигурно и стабилно снабдување на домашната економија и на граѓаните со електрична енергија - велат од МЕПСО.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik